Вие имате прво да ја знаете вистината

Франција: петтиот бран на Ковид-19 започнува со брзината на светлината

Бројот на ново заразени за време на петтиот бран од пандемијата со коронавирус во Франција расте со алармантна брзина, соопшти денеска француската влада.

Бројот на нови случаи со инфекција од Ковид-19 на дневна основа е речиси двојно зголемен во споредба на изминатата недела.

Седумдневниот просек на нови случаи вчера во Франција достигна 17.153 луѓе, а додека во споредба со 9.458 нови случаи една недела претходно, соопштија здравствените власти, додавајќи дека зголемувањето е за 81 отсто.

Петтиот бран започнува со брзина на светлината, изјави владиниот портпарол Габриел Атал.

Последното седумдневно зголемување е трипати поголемо од просечното зголемување на случаите забележано во претходните три недели, што укажува на зголемено и забрзано инфицирање на граѓаните во Франција.

Досега зголемувањето на бројот на ново заразени не доведе до масовен прилив на пациенти со Ковид-19 во болниците низ државата.

Властите веруваат дека малиот број пациенти на интензивна нега е резултат на високата стапка на вакцинација во Франција, за која веруваат дека е многу ефикасна против најопасните форми на Ковид-19.


Од болниците во државата известија дека се лекуваат вкупно 7.974 пациенти со Ковид-19, од кои само 1.333 се на интензивна нега.

Воведувањето здравствени пропусници т.е. сертификати во текот на летото, исто така, помогна да се задржи Ковид-19 под контрола, изјави потпаролот Атал.

Здравствените пропусници т.е. сертификати потребни за влез во француски ресторани, кафулиња и многу културни установи потврдуваат дека лицето е целосно вакцинирано или пак неодамна закрепнало од Ковид-19, а може да се влезе и со негативен тест за вирусот.

Владата останува на ставот дека тежината на ограничувањата треба да ја сносат невакцинираните, а не вакцинирани лица, посочи во изјавата Атал.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!