Вие имате прво да ја знаете вистината

Година за паметење на Германецот Александар Зверев во светот на тенисот: денеска го осови завршниот АТП Мастер во Торино!

Александар Зверев успеа да го совлада Русинот Данило Медведев, со резлутат 2:0 (6:4, 6:4) во финалето на завршниот АТП Мастер во Торино.

Оваа година убедливо е година на Германецот Александар Зверев (24) во светот на тенисот.

Со триумфот денеска тој оваа година осови на пет турнири (Виена, Синсинати, Мадрид, Акапулко, Токио – Олимписки игри), а во Торино на завршниот АТП Мастер ја заокружи успешната приказна.

Ова е 19-та титула за младиот Александар во сингл натпреварувањата. Но, тој сè уште нема освоено Грен Слем.

Зверев за победата во финалето се здоби со награда од 1.094.000 долари, а поразениот Русин Медведев стави во џеб 530.000 долари.

Зверев по вторпат ја освои титулата на завршниот АТП Мастер во неговата кариера, во 2018 година во финалето успеа да го победи Ѓоковиќ.

Русинот Медведев не успеа да го одбрани пехарот освоен минатата година против Доминик Тим.

Зверев во полуфиналето стигна до двата најголеми успеси во кариерата, победувајќи го најдобриот тенисер на денешницата Новак Ѓоковиќ, прво на Олимпијадата во Токио и на завршниот АТП Мастер во Торино оваа година.

А, Зверев ќе памети уште една добра работа од 2021 година, на 11ти март стана татко на девојчето Миле.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!