Вие имате прво да ја знаете вистината

Летаа солзавец и пендреци на протестите на жолтите елеци, тензично во Париз, има и повредени (видео)

Најмалку две лица се повредени кога полицијата употреби солзавец и сила против демонстрантите кои се собраа на годишнината од движењето „Жолти елеци“.

Одбележувањето на годишнината од тоа протестно движење започна во 12-тиот арондисман на Париз, а ним им се придружија и демонстрантите кои протестираа против пропусниците за ковид.

Протестот го обезбедуваа голем број полицајци, а како што јавуваат дописниците на Спутник, ситуацијата цело време била тензична.

Некои демонстранти фрлаа со лименки, шишиња и други предмети кон полицијата, додека полицијата повремено фрлаше солзавец и ги тепаше демонстрантите со палки.

Пред почетокот на протестот беа уапсени две лица кои на навредлив начин исцртаа графити на кои се претставени Емануел Макрон, Џо Бајден и шефот на париската полиција.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!