Вие имате прво да ја знаете вистината

На крајот сите ќе мора да се вакцинираат или ќе умрат, јасно изјави Виктор Орбан

Вакцинацијата на целото унгарско население против Ковид-19 е неизбежна, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој додаде дека и најтешките анти-ваксери на крајот ќе треба да изберат помеѓу вакцинација или смрт.

Во изјава за унгарското радио Кошут, унгарскиот премиер ги осуди оние кои се двоумат да се вакцинираат, нарекувајќи ги закана не само за сопственото здравје, туку и за здравјето на другите.

На крајот сите ќе треба да се вакцинираат, дури и противниците на вакцинацијата, на крајот ќе сфатат дека или мора да се вакцинираат или да умрат. Затоа ги повикувам сите да ја искористат оваа можност – изјави Орбан.

Во оваа членка на Европската унија во моментов зима замав четвртиот бран на Ковид-19, за кој Орбан како главен виновник ги гледа оние кои се уште не се вакцинирани.

Да беа сите имунизирани, немаше воопшто да има четврти бран или ќе беше многу поблаг – убеден во својот говор изјави Орбан.

Освен што повика сите да се вакцинираат, Орбан промовираше и бустер дози, откривајќи дека тој самиот веќе примил три дози од вакцината.

Вакцинацијата е единственото нешто што не штити од вирусот. Сега гледаме, како што се согласуваат експертите, дека заштитниот ефект на вакцините слабее четири до шест месеци по втората доза. Затоа третата доза е многу оправдана – изјави Орбан.

Унгарија веќе најави нови епидемиолошки мерки против Ковид-19, иако се нешто поблаги од оние во другите држави а се препорачани од Унгарската лекарска комора. Таа здравствена управа повика на забрана на сите јавни собири и предложи задолжително да се презентираат сертификатите за потврдена вакцина против Ковид-19 при влез во ресторани, театри и други јавни места во затворени простории.

Но наместо тоа, Будимпешта воведе само задолжителни маски во затворени простории и задолжителна вакцинација со трета доза за сите здравствени работници.

Оваа земја со 10 милиони жители, вкупно, забележа нешто помалку од еден милион случаи на инфекција. Во петокот беше поставен и нов дневен рекорд од скоро 11.300 нови инфекции. Во таа држава од Ковид-19 починале вкупно 32.700 луѓе.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!