Вие имате прво да ја знаете вистината

Одборот за итни прашања пресече: Манчестер Јунајтед ќе го отпушти Оле Гунар Солскјер

Оле Гунар Солскјер повеќе нема да биде тренер на Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед уште еднаш непријатно ги изненади своите навивачи и со пораз го заврши 12. коло од Премиер лигата.

Овојпат Ватфорд го совлада Манчестер Јунајтед со повеќе од убедливи 4:1 и ова е петти пораз во националниот шампионат за „ѓаволите“.

Тоа го „натера“ управниот одбор на Манчестер Јунајтед да свика итен состанок на тема „Оле Гунар Солскјер“, а по неколкучасовно размислување е одлучено наскоро да биде сменет од функцијата тренер на Англичаните. одлично.

Оваа информација ја пренесе Фабрицио Романо.

Како главни кандидати за наследник се споменуваат Брендан Роџерс и Зинедин Зидан.

Меѓу привремените решенија се и неговиот помошник Мајкл Керик, потоа техничкиот директор Дарен Флечер, како и поранешниот тренер на ПСЖ, Лоран Блан.

Сè што се чека за заминување на Норвежанецот е потврдата на Џоел Глејзер, еден од членовите на споменатиот одбор, како и семејството кое е сопственик на Јунајтед.

Солскјер треба да добие отштета од 7,5 милиони фунти за тригодишниот договор кој го продолжи во јуни.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!