Вие имате прво да ја знаете вистината

Ова го може само Тајсон Фјури: тренира како вистински Спартанец и добива удари со топка од десет килограми во стомакот (видео)

Неверојатниот Англичанец уште еднаш успеа да го привлече вниманието на јавноста.

Неверојатниот Тајсон Фјури, светски шампион во тешка категорија. Неодамна на маестрален начин го нокаутираше својот голем ривал Дионте Вајлдер, а дека се подготвува за нови достигнувања покажуваат и неговите интензивни тренинзи.

Популарниот „Џипси Кинг“, инаку православен верник, напорно тренира со својот татко Џон. Неговата желба е да ги обедини сите појаси во тешка категорија. Тајсон Фјури (33) моментално е сопственик на најпрестижната титула во натпреварувањето WBC, но останатите ги држи Украинецот Александар Усик во натпреварувањата WBA, IBF и WBO.

На социјалните мрежи се појави видео во кое Тајсон Фјури тренира со својот татко како вистински спартанец и предизвика лавина од коментари. Англичанецот лежи на подот во рингот и добива жестоки удари, бидејќи неговиот татко Џон (57) безмилосно му фрла топка од 10 килограми на стомакот и на тој начин ја тестира силата на стомачните мускули.

А реакцијата на Тајсон Фјури е неверојатна. Добива удари и извикува:

Удри ме тато ! Ми се допаѓа ! Дај ми уште, сега !

За да го предизвика Украинецот и да ги обедини сите појаси, Тајсон Фјури прво ќе треба да ја одбрани титулата во март или април 2022 година, кога треба да влезе во рингот со предизвикувачот Дилијан Вајт . Досега тој е непоразен а има одиграно 31 борба, во кои само едно реми со Дионтеј Вајлдер.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!