Вие имате прво да ја знаете вистината

Поради успехот на Новак, имав проблеми со другите два сина! Емотивна исповед на Дијана Ѓоковиќ за цената на славата

Додека Новак реди победи и ги соборува сите рекорди, неговата мајка Дијана е неговата најголема поддршка. 

Меѓутоа, мајката на три деца понекогаш се сеќава колку било тешко да се воспитаат другите два сина, кои долго време биле во сенката на успешен брат и чувствувале голем притисок.

Неговите браќа носеле голем товар. Поради него, сите ги споредуваа со Новак, додека тие се обидуваа да изградат сопствен пат. 

Го обожаваат, но се трудеа да бидат Ѓорѓе и Марко, а не браќата на Новак. Кога Новак го освои пехарот на АО, Марко не сакаше да застане да се слика со сите нас, затоа што не беше негов пехар, па секогаш се тргнуваше затоа што сакаше да има нешто свое и да се изгради како тенисерот. Марко имаше проблеми, тоа беше очигледно. Кога имаш еден квалитетен и успешен син, тогаш другиот мора да биде малку покомплексен за да се балансира. Но, важно ми е тие да се културни деца и образовани, а останатото ќе се реши и се ќе оди како што треба, се присетува Дијана во емотивната исповед за Спорт клуб.

Меѓутоа, бидејќи најлошото помина и сите деца пораснаа во прекрасни луѓе, Дијана може да им се посвети на децата на Новак и да ги заштити кога најдобриот тенисер на светот е во Србија.

 Ги оставам да дишат малку, да живеат сами, не им пречам. Си одржуваме контакт. Ми праќаат фотографии од Стефан и Тара, се допишуваме и уживаме во секој момент. Јас не сум строга баба. Можеби бев построга мајка, но како баба сум поинаква, изјавила Дијана.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!