Вие имате прво да ја знаете вистината

Проверете го вашето срце, брз тест од минута и половина! Ако не можете да го направете ова, тогаш сте во опасност

Срцевата болест може да се појави на било која возраст, но ризикот се зголемува како што стареете, велат експертите од Центрите за контрола и превенција на болести (CDC).

Но, како да знаете дали сте во опасност? Постои еден тест кој можете да го направите дома и кој трае минута и половина. Всушност, ако ви треба повеќе време за да направите една многу едноставна работа, тоа не е добро. Новото истражување на Европското здружение за кардиологија покажа дека можете да го тестирате здравјето на вашето срце со помош на скали.

Секој со здраво срце треба да може да се искачи на четири ката за 45 секунди (приближно 60 скалила).

Истражувањето, кое беше претставено во декември 2020 година на „EACVI-Best of Imaging 2020“, научниот конгрес на Европското здружение за кардиологија (ESC), покажува дека сè што ви треба за да го тестирате здравјето на вашето срце е штоперица и качување по скали.

Студијата испитувала 165 пациенти на кои им било препишано вежбање поради дијагностицирана или сомнителна коронарна срцева болест. По напорните вежби, испитаниците се одморале од 15 до 20 минути, а потоа од нив било побарано брзо да се искачат на четири ката (околу 60 скалила) без пауза, но и без трчање.

Нивното време беше забележано и нивниот капацитет за вежбање беше измерен во форма на метаболички еквиваленти (МЕТ), што се дефинира како количина на кислород потрошена за време на одморање.

Истражувачите откриле дека пациентите кои се качувале по скалите за помалку од 40 до 45 секунди постигнале повеќе од 9 до 10 МЕТ, што е стапка поврзана со помала смртност.

„Tестот е лесен начин за проверка на здравјето на срцето“, вели авторот на студијата Хесус Петеиро, кардиолог во Универзитетската болница во Коруња во Шпанија. Ако ви требаат повеќе од 90 секунди, време е да посетите лекар.

Ако ви требаат повеќе од една и пол минута за да се искачите на четири ката, вашето здравје не е оптимално и би било добро да се консултирате со лекар, рече Петеиро.

Тоа е затоа што, во студијата, на пациентите на кои им требало 90 секунди или подолго да се качуваат по скали постигнале помалку од 8 МЕТ, што значи дека нивната стапка на смртност била 2 до 4 проценти годишно, или 30 проценти во периодот од една деценија.

Истражувачите, исто така, анализирале слики од срцата на пациентите за време на тест за вежбање за да ја проценат нивната срцева функција. Меѓу пациентите на кои им биле потребни 90 секунди или повеќе за да се качат по скалите, 58 отсто имале абнормална работа на срцето, додека само 32 отсто од оние кои се качувале по скалите за помалку од една минута можеле да го кажат истото.

Експертите предупредуваат и дека срцевиот удар не е нешто што им се случува само на постарите лица, ризикот значително се зголемува по 45-тата година од животот кај мажите, а кај жените околку 50-годишна возраст, според Херман мемомријал, кардиоваскуларен и срцев институт.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!