Вие имате прво да ја знаете вистината

Путин најави дека сака да биде помеѓу волонтерите во тестирањето на носната вакцина на Спутник против Ковид-19!

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека сака да биде помеѓу волонтерите во тестирањето на носната вакцина против Ковид-19.

Ова го потврди заменик директорот на институтот Гамалеја, Денис Логунов, кој се сретна со Путин во неделата за време на ревакцинирањето на Путин.

Носната вакцина Спутиник наскоро ќе се појави во употреба во институтот Гамалеја, и се тврди дека има минимум несакани ефекти. Овој тип на Спутник ќе даде еден вид како дополнително зајакнување на имунитетот.

Директорот на институтот Гамалеја, Александар Гинзбург неодамна објави дека клиничките испитувања на носната вакцина Спутник, која се инјектира во носот, ќе започнат на крајот на оваа и на почетокот на следната година. Професорот Гинзбург категорично тврди дека таквата вакцина има минимум несакани ефекти.

Министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко изјави дека Научно-истражувачкиот центар А. Смординчева подготвува и уште една носна вакцина која ќе се дава во форма на спреј. Вакцината почне да се користи напролет. Исто така, Центарот Вектор во Новосибирск прави вакцина која ќе биде во форма на капки за нос.

Шест месеци по вакцинацијата на Путин, тој беше ревакциниран со Спутник Лајт. Вакцината наскоро ќе биде широко користена за ревакцинација во Русија. Путин изјави дека се чувствува добро по ревакцинацијата.

Заменик директорот на институтот Гамалеја изјави дека ефективноста на вакцината против Ковид-19, Спутник почнува да опаѓа по шест до осум месеци и затоа граѓаните мора да се ревакцинираат.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!