Вие имате прво да ја знаете вистината

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се ревакцинираше

Рускиот претседател, Владимир Путин е ревакциниран против Ковид-19, објавија денеска руските новински агенции. 

Во јуни оваа година Путин изјави дека бил вакциниран со вакцината Спутник В.

Денеска по ваша препорака и на вашите колеги ја примив втората доза од вакцината Спутник Лајт. Ова се нарекува ревакцинација – изјави Путин на средбата со заменик-директорот на Институтот за епидемиологија и микробиологија – Гамалеја, Денис Логунов.

Инаку, институтот Гамалеја ги разви двете вакцини што ги прими рускиот претседател.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!