Вие имате прво да ја знаете вистината

Шокирачки вести од Барселона, се чини дека навистина е крај за Серхио Агуеро!?

Прославениот напаѓач на Барселона, Серхио Агуеро ќе мора да ја заврши кариерата поради проблеми со срцето.

Како што пренесува каталонскиот новинар, Џерар Ромеро, Серхио Агуеро одлучил да ја заврши кариерата. Аргентинецот, наводно, наредната недела ќе закаже прес конференција кога и официјално ќе ја соопшти таа одлука, наведува Ромеро.

На триесет и тригодишниот фудбалер му се слоши на 30 октомври во 41. минута од дуелот со Алавес кога легна на земјата и се фати за градите. Агуеро почувствувал силно чукање на срцето и веднаш бил префрлен во болница. Подоцна се покажа дека тие проблеми со дишењето се резултат на проблемите со срцето, односно тахикардија.

Првите информации беа дека Аргентинецот ќе биде надвор од терените најмалку три месеци, но деталните прегледи и анализи утврдија дека тој не може да ја продолжи професионалната кариера.

Ако тврдењата на Ромеро се покажат како точни се чини дека тоа навистина ќе биде крај…

Популарниот Кун летово дојде на Камп Ноу од Манчестер Сити и на четири натпревари постигна еден гол.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!