Вие имате прво да ја знаете вистината

Сите зборуваат и упатуваат пофалби за потегот на Јелена Ѓоковиќ по натпреварот на Новак со Александар Зверев (видео)

Јелена Ѓоковиќ беше лично во Торино и во живо го бодреше својот сопруг од трибините. Таа по натпреварот против Александар Зверев излезе пред соблекувалната и направи убав гест.

Новак Ѓоковиќ загуби во полуфиналето на завршниот АТП Мастер во Торино во возбудлив дуел против Александар Зверев, а по натпреварот му посака се најдобро на Германецот и доби убави зборови на негова сметка, но исто така по натпреварот, сопругата на Новак, Јелена, направи спортски гест.

Таа заедно со тренерот на Новак, Маријан Вејд лично отишла до сооблекувалната на Зверев, го поздравила и му посакала среќа. Погледнете го видеото од тој момент во Торино:

Јелена е помеѓу првите кои му честиташе на Александар. Овој потег привлече големо внимание – таа се однесуваше пријателски и спортски, исто како и нејзиниот сопруг.

Новак сега го чекаат обврските за Дејвис купот, по што ќе ги започне подготовките за следната сезона, а најмногу се зборува за првиот Гренд слем во следната сезона во Австралија, каде државата бара задолжителна вакцинација за влез, и прашање на време е дали Србинот ќе игра таму.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!