Вие имате прво да ја знаете вистината

Слика од балконот во Монако го расплаче целиот свет! Потресна порака за најтажната принцеза: “Мамо ни недостигаш”

Принцот Алберт откри дека неговата сопруга, принцезата Шарлин, се лекува во институција, но е надвор од Монако. Тој изјавил и дека одлуката да побараат лекарска помош ја донеле неколку дена по нејзиното враќање од Јужна Африка, и тоа со помош на браќата на принцезата.

Тој во интервју за People објасни дека неговата сопруга, која изгледала послабо, признала дека и треба помош. Тој не откри детали за нејзината болест, но ја отфрли можноста дека се работи за рак или Ковид-19.

Тој, исто така, навести за проблеми со менталното здравје , велејќи дека таа е „преоптоварена и неспособна да се справи со службените должности, воопшто со животот, па дури и со семејниот живот, и дека е и емоционално и физички исцрпена.

Принцот Алберт рече дека семејното обединување во Монако минатата недела првично поминало „прилично добро“ во првите неколку часа, но потоа станало „очигледно дека Шарлин не е здрава.

Во меѓувреме, тој откри дека нивните шестгодишни близнаци Габриела и Жак ќе ја „посетат“ нивната мајка кога ќе добијат „одобрение“ од лекар. Тој додаде дека децата знаат дека нивната мајка е уморна.

Француските списанија тврдат дека најтажната принцеза на светот заминала во Швајцарија, каде има бројни специјализирани приватни медицински клиники.

Поради здравствени причини, принцезата не присуствуваше на денешните церемонии по повод Националниот ден на Монако.

Близнаците држеа транспаренти на кои пишуваше:

Ни недостигаш, мамо“ за време на прославата што се одржа утрово. Принцот Алберт ја држеше раката над срцето додека ги гледаше неговите деца како креваат транспаренти упатени до принцезата Шарлин.

Принцот Алберт меѓу другото рече:

„Не спиеше добро неколку дена и воопшто не јадеше добро. Таа ослабе многу, што ја направи ранлива на други потенцијални болести – настинки или грип. Господ нека ни е на помош“.

Тој негираше дека тој е причината за нејзините проблеми.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!