Вие имате прво да ја знаете вистината

Ердоган: Со помош на Алах ќе излеземе победници од војната за економско ослободување

Турскиот претседател Реџеп Таиjп Ердоган изјави дека со помош на Алах и поддршка на турскиот народ ќе излезе како победник од оваа економска војна што ја води неговата држава.

Порастот на цените поради растот на девизниот курс не влијае негативно на инвестициите, производството и вработеноста. Напротив, конкурентната моќ на девизниот курс води до зголемување на инвестициите, производството и вработеноста, изјави Ердоган пред новинарите по состанокот на владата во Анкара, главниот град на Турција.

Тој потсети дека во изминатиот период и покрај многуте неволји и пречки тие постигнале бројни успеси и победи.

Како што ја спасивме нашата држава од сите замки и несреќи, со помош на Алах и поддршка на нашиот народ, ќе излеземе победници од оваа војна за економско ослободување, изјави Ердоган на што додаде:

Нема да им оставиме простор на оние кои предизвикуваат прекумерни поскапувања користејќи го растот на девизниот курс како изговор, сите ќе ги победиме, прецизно изјави тој.

Тој кажа дека Турција ќе се обиде да продолжи да се напредува како што тоа го правеше во изминатите две децении.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!