Вие имате прво да ја знаете вистината

Хаос во Франција! Прекинато големото дерби: Навивачите го погодија во глава фудбалерот на Марсеј, тој како покосен падна на тревата (видео)

Ова е веќе трета пауза во Франција сезонава поради дивеењето на навивачите.

Дерби колото во Франција, кое се играше во Лион, беше прекинато во четвртата минута од натпреварот, кога францускиот репрезентативец и играч за врска на Марсеј, Димитри Паје, беше удрен со шише во главата, додека изведуваше корнер.

Судијата една минута подоцна го прекина натпреварот. Поради инцидентот ги испрати фудбалерите во соблекувалната. За среќа на Паје, тој не се здоби со сериозна повреда. Му била укажана помош на теренот. Ова е веќе трета пауза во Франција сезонава поради дивеењето на навивачите.

Погледнете како тоа изгледаше на теренот:

https://twitter.com/lapulgafreak/status/1462510987484008448?s=20

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!