Вие имате прво да ја знаете вистината

Исплива заедничка фотографија на најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос и Илон Маск, пред 17 години пријатели, а денес ривали

Двајцата најбогати луѓе на планетата, Џеф Безос и Илон Маск ретко можеме да ги видиме заедно, а нивните компании се најголема конкуренција една на друга.

Освојувањето како и населувањето на Месечината е најголемата причина за чести несогласувања помеѓу основачот на компанијата за електрични автомобили Тесла, Илон Маск, и основачот на компанијата Амазон, Џеф Безос.

Овие двајца мултимилијардери одамна планираат патување до Месечината, а веќе е познато дека двајцата веќе испратија луѓе (професионалци и обични туристи) во вселената или до работ на вселената, Маск со неговата компанија SpaceX и компанијата на Џеф Безос, Blue Origin.

Секако, нивната врска не била секогаш ривалски настроена, а тоа го покажува и неодамна објавената фотографија на социјалната мрежа Твитер.

Не би можеле да кажеме дека Безос и Маск навистина се дружеле тогаш, како што сега тврдат многу медиуми, но веруваме дека тогаш било помалку тешко да се организира нивен состанок отколку денес, на крајот на краиштата, нивните компании не ни беа блиску до тоа што го се денес, а нивното его се разбира беше далеку помало.

Станува збор за фотографија направена пред 17 години, на која се гледаат насмеаниот Безос, кој е сопственик на вселенската компанија Blue Orgin, и Маск, чиј споственик е на SpaceX. Авторот на објавата на Твитер објасни дека (наводно) токму на овој ручек Маск и Безос разговарале за почетокот на патувањето до Месечината и за други вселенски истражувања.

Фотографијата ја коментираше самиот Маск, како што тој често тој знае да коментира на разни теми на неговиот Твитер профил, а овој пат напиша: Леле, поминаа 17 години, тешко е да се поверува. Безос очекувано не напиша ништо под овој твит.

Безос ја тужеше компанијата SpaceX на Маск и НАСА во изминатиот период за договори за користење ракети на SpaceX за истражување на вселената во име на американската агенција, но ја загуби тужбата во јули 2021 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!