Вие имате прво да ја знаете вистината

Колку шолји кафе е препорачливо да испиеме во текот на еден ден !?

За многумина кафето е еден од омилените пијалоци што го пијат во текот на денот. Сепак, треба да имате мерка кога е кафето во прашање.

Нема ништо поубаво од тоа кога ќе го испиеме првото кафе наутро, кое освен што не буди, делува и како да ни дава одредене енергија за денот кој претстои пред нас.

Сепак, она што многумина не го знаат е тоа колку шолји кафе се препорачуваат на дневна основа. За возрасни луѓе, тоа е 300 mg кафе, што е приближно 3 шолји кафе на ден.

Доколку испиете повеќе од споменатата количина, може да имате сериозни здравствени проблеми, како несоница, анксиозност, забрзано чукање на срцето, но и зголемување на крвниот притисок.

Меѓутоа, доколку консумирате до 300 mg дневно од вашиот омилен пијалок, тогаш кафето може да има позитивно влијание, кога е здравјето во прашање. Интересни факти кажува едно истражување за кафето.

Студиите спроведени во европските земји покажуваат дека луѓето кои консумираат кафе имаат помал ризик од болести на дигестивниот систем, болести на црниот дроб и бубрезите.

Истражувањата исто така покажуваат дека кафето има невропротективни и антиинфламаторни својства кои можат да помогнат да се намали ризикот од Паркинсонова болест.

Секако, кафето нема магично да ги спречи сите здравствени проблеми, но секако може да помогне и да делува на истите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!