Вие имате прво да ја знаете вистината

Крај на драмата: Се појави кинеската тенисерка која го обвини кинескиот вицепремиер за силување а потоа изчезна (видео)

Со денови траеше вистинска драма за тоа каде и што се случува со кинеската тенисерка Шуаи Пенг по нејзините обвинувања дека била силувана од кинескиот вицепремиер Џанг Гаоли. Цел свет се крена на нозе, а реагираше и ВТА, која и се закани на Кина со одземање на турнирот доколку не се разјасни ситуацијата со Пенг.

Се чини дека на драмата и дојде крајот, бидејќи Пенг беше видена на младинскиот турнир во Пекинг. Во видеото на кое се гледа Пенг, не се споменува моменталната ситуација и обвинувањата за силување, на објавените фотографии може да се види Пенг меѓу гостите на финалето на Фила Кидс Јуниор Тенис Челинџер, облечена во темно сина јакна и бели панталони, пренесува Ројтерс.

Последното јавно појавување на Пенг беше на почетокот на ноември, кога таа упати обвиненија за силување. Потоа следеше бришење на се од социјалните мрежи, а следеа реакции од целиот свет. Меѓу загрижените се и бројни тенисери, а по тој повод се огласи и првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ .

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!