Вие имате прво да ја знаете вистината

Меркел јасно порача: потребни се посторги мерки!

Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел, им порача на лидерите на нејзината Христијанско-Демократска Унија (ЦДУ) дека веќе преземените мерки за сузбивање на ширењето на коронавирусот се недоволни и дека е потребна посилна процедура.

Се наоѓаме во многу драматична ситуација. Тоа што е на сила е недоволно – нагласи Меркел во обраќањето до лидерите на ЦДУ.

Бројот на заразени во Германија е во пораст, особено кај постарите лица кои ги примиле првите две дози од вакцината на почетокот на годината и кај децата кои не можат да ја примат вакцината.

Околу 79 отсто од возрасната популација во Германија примиле две дози од вакцината против Ковид-19, но досега само 7,5 отсто ја примиле третата доза.

Германија веќе донесе одлука да го ограничи поголемиот дел од јавниот живот во областите каде капацитетот во болница е при крај.

Сепак, Меркел посочува дека ниту мерките ниту засилената вакцинација нема да бидат доволни на краток рок за да се запре брзото зголемување на бројот на пациенти. Таа побара од 16те германски провинции да одлучат за построги мерки до среда.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!