Вие имате прво да ја знаете вистината

Најавен петиот бран на пандемијата, на Германија и се заканува вонредна состојба

Берлин – Германија може да се соочи со нов бран на Ковид-19 доколку повеќето од луѓето не се вакцинираат, предупреди Лотар Вилер, претседател на Институтот Роберт Кох.

Доколку намалувањето на социјалните контакти и зголемувањето на стапката на вакцинација значително не ја подобрат сегашната состојбата, новите анализи сугерираат дека ќе го доживееме петтиот бран на вирусот, изјави Вилер.

Германија во моментов се бори со четвртиот бран на пандемијата на Ковид-19, а на земјата и се заканува вонредна состојба, изјави неодамна тој.

Вилер истакна дека моменталното однесување на луѓето ќе ги одреди состојбите оваа зима. Тој додаде дека е штета што повеќе луѓе не се одлучиле на овие релативно лесни чекори за подобрување на состојбата.

Тој повторно апелираше до луѓето да избегнуваат поголеми собири и настани кои се одржуваат во затворени простории.

Вилер изјави и дека е неопходно превентивно да се делува во оние сојузни држави кои не се толку погодени, а како пример ги наведе ограничување на социјалните контакти.

Тој повика на зголемување на стапката на вакцинација, но предупреди дека тоа нема да биде доволно, туку дека е и неопходно да се ограничат контактите за да се спречи побрзо зголемување на бројот на заболени.

Вакцината е излезот од пандемијата, изјави тој. Но, нагласи дека нема 100 отстотна заштита, иако вакцините даваат со многу висок степен, особено против потешките форми на болеста.

Институтот Роберт Кох апелира да се вакцинираат повеќе луѓе и смета дека најмалку 85 отсто од граѓаните на возраст од 12 до 59 години и 90 отсто од граѓаните над 60 години треба да бидат целосно вакцинирани.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!