Вие имате прво да ја знаете вистината

Премиерот на Холандија, Марк Руте ги нарече идиоти демострантите кои протестираа против новите Ковид мерки!

Холандскиот премиер Марк Руте, го употреби терминот „идиоти“ за демонстрантите кои се судрија со полицијата во демонстрациите во последните три дена поради новите епидемиолошки мерките против пандемијата на Ковид-19.

Зборувајќи за протестите против задолжителната вакцинација, кои започнаа во петокот во Ротердам, а потоа се проширија и во другите градови, Руте изјави дека под маската на протести е извршено отворено насилство.

Истакнувајќи дека демонстрантите ги нападнале полицајците, пожарникарите и екипите на брзата помош, Руте изјави ова нема никаква врска со протестите и мерките.

Наведувајќи дека долготрајните неизвесности предизвикани од Ковид-19 предизвикаа многу немири во општеството како во Холандија така и во другите европски држави, и на тоа Руте додаде – но, јас никогаш не ги одобрувам овие идиоти, само затоа што се несреќни, кои вршат директно насилство врз луѓето кои ја чуваат оваа земја безбедна.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!