Вие имате прво да ја знаете вистината

Северина со фотографија на бикини повторно ги возбуди фановите, сите се прашуваат кој стои зад објективот на еготичната дестинација (фото)

Познатата балканса пејачка Северина, е честа гостинка на Малдивите, а одлучила да побегне од градскиот метеж во тропскиот рај откако неодамна заврши со снимање на нејзиниот нов албум.

Пејачката објави фотографија на својот Инстаграм профил во бело бикини со црни точки, во кое и претходно има позирано, а фановите се согласија дека изгледа прекрасно поради напорните тренинзи која ги има и со кои често се фали.

Ти си на Малдиви, ти се восхитувам, Како имаш вакво прекрасно тело, Прекрасна, Убава дама во прекрасна природа, се дел од коментарите кој беа оставени под нејзината објава. А вниманието го одзема еден нејзин обожавател кој и постави интересно прашање, Дали ти е досадно таму сама ?, прашува тој, а потоа друг нејзин обожавател додаде: А кој е зад камерата ?

Северина често знае да споделува фотографии од патувањата, односно од нејзиниот приватен живот, а многумина се прашуваат кој стои зад објективот. Инаку, последниве неколку месеци ја поврзуваа со впечатливиот продуцент Филип Милетиќ.

Таа во последно време често споделува нивни заеднички фотографии, а тие и заедно се појавуваат во јавноста. Сепак, тие тврдат дека се само соработници и пријатели.

А како доказ за тоа оди и видеото кое Северина го објави пред десетина дена на својот Инстаграм профил каде што се забележува како тие се забавуваат.

Ветив дека ќе го прославам крајот на снимањето на албумот во Сплит. Се разбира, секогаш се се завршува со јагнешко месо, напиша Северина во описот на видеото.

Во видеото се појавуваат нејзина блиска пријателка како и нејзини соработници – менаџерот Томица Петровиќ, пријателката Соња Дворник, но и музичкиот продуцент Филип, со кој медиумите ја поврзуваат последните месеци, поточно по разводот од Игор Којиќ.

Северина се забележува дека цело време беше одлично расположена, а во видеото нежно и долго се гушка со Филип во ресторан. Повеќе фотографии од Северина и згодниот продуцент погледнете во галеријата подолу.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!