Вие имате прво да ја знаете вистината

Стефанос Циципас има сериозен проблем и повреда, го посети докторот на Новак Ѓоковиќ!

Кариерата на тенисерот Циципас тргна по надолна патека по поразот во финалето на овогодинешниот Ролан Гарос од најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ.

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас, заработи сериозна повреда на завршниот АТП Мастер во Торино, поради што се повлече по првиот одигран меч кој лесно го загуби од Андреј Рубљов.

Според италијанските медиуми, се работи за тешка повреда на лактот и речиси сигурно Циципас ќе мора да оди на операција.

Тие исто така објавија и дека тој бил посетен од докторот на Новак Ѓоковиќ, кој го оперирал и му помогнал кога српскиот тенисер кога имал проблеми со лактот.

Циципас сезонава освои два трофеи и одигра одлично до финалето на Ролан Гарос во кое загуби по драматични пет сета од Ѓоковиќ. Потоа следеше пад на формата што очигледно е последица на низата повреди со кој се здоби.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!