Вие имате прво да ја знаете вистината

Зад белата офицерска униформа на Румен Радев сепак се кријат валканите гаќи на тодор-живковизмот!? Амбасадата на САД: Загрижени сме

САД се длабоко загрижени од неодамнешните изјави на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, во кои тој го опишува Крим како „руски“. Ова се наведува во соопштението на американската амбасада во Бугарија по изјавата на Румен Радев дека Крим во моментов е руски.

САД, Г-7, Европската Унија и НАТО отсекогаш биле јасни и обединети во нивниот став дека и покрај обидот на Русија да го припои и тековната окупација, Крим е украински. Сите ние, вклучително и Бугарија, изјавивме на Самитот на Кримската платформа во август, дека Крим е составен дел на Украина и дека не ги признаваме и нема да ги признаеме руските обиди за легитимирање на нелегалното завземање и окупација на полуостровот. Во последните неколку денови ние ја изразивме нашата длабока загриженост пред бугарските власти, како во Вашингтон, така и во Софија, пишуваат од Амбасадата.

https://www.facebook.com/USEmbassySofia/posts/4662083753847098
Одамна амбасадата на САД во Бугарија не излегла со ваков тврд став во однос на Радев или кој било друг бугарски политичар. На ова предходеше и реакција на украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба кој остро го критикуваше бугарскиот претседател Румен Радев за неговото провокативно тврдење дека Крим „во моментов е руска територија“.

„Ќе му кажам на Румен Радев каква драма е тоа: Русија да ја нападне Бугарија, да земе дел од нејзината територија, да убие илјадници луѓе. 

Со своите непромислени коментари, тој им нанесе удар на пријателските украинско-бугарски односи, ја изложи Бугарија на критики од ЕУ и ја поддржа руската пропаганда“, напиша украинскиот дипломат на Твитер.

На крајот ќе се покаже дека на своето прво појавување во медиумите ( на претседателската дебата на националната телевизија ) кога не гостуваше на “наместено интервју и со наместени прашања” Румен Радев “тотално ја демаскираше својата руска зависност” на што следеа реакции на официјален Киев, на амбасадата на САД и на официјална Анкара. Се чини дека зад таа бела офицерска униформа на пилотот Румен Радев сепак се кријат валканите гаќи на тодор-живковизмот во Бугарија!?

Ова би требало да предизвика сериозно палење на црвените лампички кај екепертите од македонската Агенцијата за разузнавање кои имаат битно влијание врз креирањето и водењето на надворешната политика на македонскиот претседател Стево Пендаровски. Откако промашија чист гол, со проценката дека Слави Трифонов ќе се прошета на третите избори како Албин Курти во Косово, сега прават “експертска проценка” дека Румен Радев како бела униформа е последната карта на која игра Вашингтон. Ќе испадне дека проценката со Радев им е уште поголемо промашување на празниот гол во споредба со проценките за неостварената убедлива победа на Слави Трифонов!?

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!