Вие имате прво да ја знаете вистината

Бајден именуваше републиканец за претседател на централната банка

Американскиот претседател, Џо Бајден, го назначи републиканецот, Џером Пауел, за шеф на Федералните резерви (ФЕД) односно за претседател на Централната банка, со што стави крај на шпекулациите за тоа кој ќе раководи со Федералните резерви на САД во следните четири години.

Ова е втор мандат на Пауел на чело на ФЕД, пренесуваат американските медиуми, додавајќи дека за потпретседател е избрана Лаел Брејнард, единствената демократска гувернерка во оваа институција.

Белата куќа ја поздрави решителната акција на Пауел и ФЕД за амортизирање на ефектите од пандемијата и започнувањето на закрепнувањето на економијата.

Ова беше долгоочекувана одлука на Белата куќа и многу чувствителна тема за претседателот на САД, Џо Бајден, кој во моментот преговара за инвестициските планови во Конгресот.

Изборот на претседател на централната банка е, што се однесува до економијата, една од најважните одлуки во мандатот на секој американски претседател.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!