Вие имате прво да ја знаете вистината

Џенифер Лопез на сцената се појави во разголена венчаница и повторно на 52-годишна возраст успеа да го украде шоуто!

Џенифер Лопез дефинитивно беше ѕвезда на вечерта и го украде шоуто на овогодинешното доделување на Американските музички награди во Лос Анџелес во недела вечерта, а на сцената се искачи ни помалку ни повеќе туку во венчаница !

И покрај тоа што настапите на младите ѕвезди како Оливија Родридо и американскиот бенд New Kids on the Block дигаат прашина, Лопез е таа што го украде шоуто ! Пејачката, која досега беше трипати мажена, а двапати имаше неуспешни веридби, ја отпеа својата нова песна „On My Way“ од романтичната комедија „Marry Me“ во која таа глуми со Овен Вилсон.

Латино дивата на сцената се појави во црн сатенски капут со беж пруги околу половината, но набрзо го соблече во своевидниот перформанс, оставајќи се само во неверојатен фустан со потписот на италијанскиот бренд Dolce & Gabbana.

Станува збор за преубав, бајковит фустан во боја на кожата, чиј горен дел е во форма на корсет, додека долниот дел се шири во форма на вистинска балерина. Исто така, оваа креација ја краси сатенска лента која го истакна тесниот струк на славната 52-годишна девојка, а особено убав детал беше необичниот превез кој го носеше.

Џенифер ја подигна косата во елегантна пунџа, но носеше и огромен цвет, но и мал превез кој беше украсен со накит. Целото издание беше надополнето со блескав накит, но и со чизми со беж платформа.

Дали Џенифер навестува дека ќе има четврти брак со Бен Афлек, со кој е во врска од април оваа година или направи само одлична тематска реклама за нејзиниот нов филм, проценете сами.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!