Вие имате прво да ја знаете вистината

Берлин размислува за нови ковид мерки и ограничувања во движењето, на Американците им е препорачано да не патуваат во Германија

Германскиот министер за здравство повика денеска (вторник) на дополнителни ограничувања во движењето како и нови епидемиолошки мерки со цел да се спречи драматичното зголемување на ново заразените со Ковид-19, бидејќи стапката на зараза во земјата достигна рекордно високо ниво.

Седумдневната стапка на „кривата“ во вторникот достигна 399,8, наспроти 386,5 во понеделникот, покажуваат податоците на Институтот Роберт Кох (РКИ) за заразни болести.

Министерот за здравство Јенс Спан, повика да се ограничат повеќе јавни простори за оние кои биле вакцинирани или неодамна закрепнале од Ковид-19 но и за оние кои исто така имале негативен тест, во обид да се спречи четвртиот бран на Ковид-19 во Германија.

Министерот Спан сепак не ја исклучува можноста и за карантин, иако кажа дека за тоа ќе одлучува секој регион посебно. Некои региони, како тешко погодените Саксонија и Баварија, веќе преземаат мерки како што се откажување на божиќните саеми и јавни собири.

Ситуацијата не е само сериозна, во некои региони во Германија сега е драматична – изјави Спан за германското радио.

Мораме да ги преместиме пациентите бидејќи одделенијата за интензивна нега се полни и тоа не влијае само на пациентите кои се заразени од Ковид-19, објасни тој.

Зголемувањето на бројот на ново заразени во Германија и соседна Данска го принуди американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) во понеделникот да ги советува граѓаните на САД да не патуваат во тие земји, означувајќи ги како од четврто ниво односно со многу висок ризик.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!