Вие имате прво да ја знаете вистината

Холандски пациенти заразени со ковид-19 транспортирани на лекување во Германија

Холандија денеска почна да транспортира пациенти заразени со ковид-19 преку граница во Германија, со цел да го намали притисокот врз холандските болници кои се соочуваат со зголемување на бројот на ново заразени со последниот бран од пандемијата.

Еден пациент утрово беше префрлен од Ротердам во болница во Бохум, а друг ќе биде транспортиран во текот на денот, соопштија здравствените власти на Холандија.

Бројот на заболени лица со Ковид-19 во холандските болници достигна најголем број од мај, во изминатите неколку недели, а се очекува да продолжи да расте и да достигне број на заразени на рекордно ниво.

Болниците во Германија понудија вкупно 20 кревети за пациенти од Холандија откако претходно лекуваа десетици луѓе од таа земја во претходните бранови на пандемија со ковид-19.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!