Вие имате прво да ја знаете вистината

46 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Бугарија, се запали македонски автобус на автопатот Струма, црн ден за Македонија

Во автобусот патувале 52 лица. Меѓу загинатите има 12 малолетници, меѓу кои и двајца близнаци. Во несреќата загинал и возачот. Преживеале седум лица кои се сместени во болницата „Пирогов“ во Софија.

– Во „Пирогов“ се сместени седум лица, сите со изгореници на лицето и горните дишни патишта. Двајца се со изгореници на дланките, другите имаат рани. Луѓето се во тешка траума, изгубија роднини, деца. Тие скокнале од прозорците на автобусот, па оттука и повредите – изјави проф. Маја Аргирова, раководител на клиниката за изгореници во „Пирогов“.

Министерот за здравство Венко Филипче по посетата на преживеаните во бугарската болница „Пирогов“ изјави дека преживеаните се во добра состојба и вон животна опасност и се добро третирани. Најмладата повредена е девојче на 16 години. Еден од повредените е потешко повреден. Има скршеници, но и тој е надвор од животна опасност.

Тој информира дека сите 7 лица кои ја преживеаја несреќата имаат лесни повреди, а на еден од повредените му се дојдени и членови на семејството.

Филипче информира дека наскоро преживеаните ќе бидат пренесени во Скопје и има се заблагодари на лекарите и властите во Софија за брзата реакција.

Автобусот синоќа нешто по 21 часот влегол преку граничниот премин Капитан Андреево. Околу 3.00 часот се случила сообраќајна незгода на автопатот во правец Софија – Благоевград.

Делницата од автопатот на која се слуи несреќата има многу проблеми, цело лето таму се поправаат дупки, изјави за БТВ експертот за патишта Дијана Русинова.

Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува бугарските служби професионално да ја завршат истрагата и да го расветлат случајот.

Тој рече дека сите патници се македонски граѓани од различна националност и од повеќе градови. Само еден од патниците е од Прешево кој бил на патувањето со својата свршеница од Куманово.

Заев рече дека од разговорот со преживеаните кои имаат различни видувања за несреќата не може да каже што се случувало и затоа остава бугарските служби треба да ја завршат работата.

– Можам да кажам дека повеќето од преживеаните се од задните седишта кои успеале да го скршат прозорецот и да излезат од автобусот.Со дел од нив поразговаравме и тие сега се со нивните роднини кои дојдоа овде – рече Заев.

Автобусот е на компанијата Беса Транс која функционира од 2011 година, а од 2019 година,а нејзин управител е Аздрен Зубери, македонски државјанин со албанско потекло. Седиштето на фирмата е во Ќустендил, но има и неколку канцеларии во Скопје и во други градови во Северна Македонија.

– Не можам да ви дадам информација. Не знам ништо – изјавил претставник од компанијата за „24 часа“.

Родинини и пријатели на жртвите во автобуската несреќа на компанија „Беса транс”, утрово се собрааа пред седиштето на компанијата во Скопје, интересирајки се за своите своите најблиски.

Седиштето на „Беса транс”, чиј автобус враќајќи се од Истанбул денеска имаше несреќа во Бугарија при што загинаа 46 граѓани од Македонија, од утрово го обебзедуваат и полициски службеници.

Привичните информации од надлежните органи кажуваат дека четири автобуси од ова скопска компанија патувале викендот за Турција.

За трагичната несреќа јавија речиси сите светски медиуми.

Автобусот, во кој загинаа 45 лица на автопатот Струма, е сопственост на фирмата Беса Транс, регистрирана во селото Рашче, општина Сарај во Република Северна Македонија, јави известувачот на БГНЕС.

Зоран Заев рече дека жртвите се 46, од кои 11 деца. Досега информациите беа за 45 жртви. Заев изјави дека информацијата за несреќата ја добил во 03 и 30 часот утрото од бугарскиот премиер, Стефан Јанев а потоа му се јавил и Румен Радев.

Жртвите се лица од Македонија, но во списокот видовме и име на загинат од Прешево, Србија, кој заедно со вереницата од Куманово беше во посета на Истанбул. Во листата има и загинато лице со белгиско државјанство, рече Зеав.

Уредувачкиот тим на Во центар им изразува искрено и длабоко сочуство на фамилиите на починатите патници за оваа неутешна трагедија, а на повредените им посакува побрзо опоравање.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!