Вие имате прво да ја знаете вистината

По примерот на Австрија, мерката карантин за невакцинираните започна да се применува и во Русија

Австрија неодамна беше првата држава што воведе карантин за невакцинираните и оттогаш неколку други држави решија да ги копираат нејзините мерки, а оваа строга мерка почна да се применува и на територија на Русија.

Драстичното ограничување за движење и новите епидемиолошки мерки за невакцинирани лица беше воведено во областа на рускиот регион, автономниот округ Ханти-Манси Југра. Тоа е област во западен Сибир каде се произведува најмногу руска нафта.

Географски, ова е област е со големина на Франција, а брои население околу 1,5 милиони луѓе. Мерката е одредена со указ што го издаде гувернерката на овој регион Наталија Комарова.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!