Вие имате прво да ја знаете вистината

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд со остри критики кон клубот: не пријатно ми е како фан на Јунајтед, клубот повеќе не е дел од елитата

Поранешниот англиски репрезентативец и дефанзивец играч, воедно и поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, ги коментираше случувањата во неговиот поранешен клуб. Ситуацијата за екипата од „театарот на соништата“ не е многу сјајна, но сето тоа кулминираше со високиот пораз од Ватфорд со резлутат од 4:1, а целата одговорност за лошиот резултат падна на веќе поранешниот тренер на екипата, Оле Гунар Солскјаер. 

Ништо не беше подготвено однапред, а клубот знаеше дека можеби е време за отказ на Солскјер. И сега, наеднаш пораз и таа одлука е донесена. Без никаков план и идеја кој би можел да го замени. Досега мораа да имат решение или барем желба за тоа кого сакаат на клупата, за да можат кога ќе се сменат Солскјер да се движат во некоја насока. Но, не, тука се се случи брзо, принудно и чисто како реакција на поразот – изјави Фердинанд, додавајќи:

Како навивач на Јунајтед се чувствувам непријатно. Треба да бидам позитивен овде и да се обидам да го заштитам клубот, но не можам. Видоа дека тимот не игра добро, имаа двонеделна репрезентативна пауза да направат нешто и не направија ништо. Јунајтед отсекогаш бил европска елита во секој аспект, било да е тоа бизнис, тим, резултати или нешто сосема друго. Во моментов Јунајтед е далеку од елитата – изјави Англичанецот. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!