Вие имате прво да ја знаете вистината

Поранешниот претседател на ФИФА со сериозни обвинувања: Светското првенство во Катар е голема грешка, Саркози и Платини се виновни за се

Поранешниот претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Сеп Блатер смета дека домаќинот на Светското првенство во 2022 година, Катар е голема грешка, како од социјална, така и од климатска гледна точка. 

Блатер го обвини поранешниот претседател на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Мишел Платини, за исходот од изборите на кои беше избран домаќинот на Светското првенство.

Без интервенција на Саркози (тогашен француски претседател Никола Саркози) кај Платини, Катар никогаш немаше да го има Светското првенство – изјави Блатер за француски Mond, додавајќи дека ова не е првпат политичката интервенција да влијае на промената на фудбалската одлука.

Платини децидно ги отфрли сите овие тврдења и го обвини Блатер за клевета.

Сето тоа е омраза, клевета и злоба. Ова е доволно да се каже. Веќе пет години Сеп Блатер ги повторува овие лажни и неосновани тврдења. Мислев дека годините ќе го направат попаметен и ќе го доведат до вистината. Тоа што го тврди е целосна невистина – изјави поранешниот претседател на УЕФА.

Инаку, Блатер беше поканет да се сретне со Платини во Елисејската палата на 23ти ноември 2010 година, но и со тогашниот претседател на Франција, Никола Саркози и сегашниот емир на Катар, Тамим Бин Хамад. Набргу потоа, на 2ри октомври, организациите за Светските првенства беа доделени во 2018 година на Русија, а за престојното Светско првенство во 2022 година на Катар. 

Според Блатер, по средбата гласовите на Платини и уште тројца Европејци, по лобирање на поранешниот претседател на Франција како што нагласува Батлер отишле за Катар, што ја нарушило рамнотежата. Исто така, Блатер откри како гласал домаќинството да биде предадено на САД.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!