Вие имате прво да ја знаете вистината

Пожар во дом за стари лица во соседна Бугарија, најмалку девет лица го загубија својот живот

Во пожарот што го зафати домот за стари лица во селото Ројак во источна Бугарија, во близина на градот Варна, загинаа девет лица, а една од главните причини за смрт кај старите лица е задушувањето од чад, изјави висок претставник на бугарското Министерство за внатрешни работи.

Пожарот, кој го зафати дрвениот покрив на домот за стари лица, е изгаснат, а 58 стари лица кои живееле таму се евакуирани на безбедни локации, изјави Тихомир Тотев, раководител на регионалното одделение за противпожарна заштита, пренесуваат бугарските медиуми.

Кога шесте противпожарни возила стигнале до домот за стари лица, покривот бил зафатен од огромен пламен и црн чад. Пожарникарите почнаа да ги евакуираат лицата корисници на услугите за домот, но за жал животот го загубија девет лица – изјави Тотев.

Според него, причината за пожарот се уште се непознати и во тек е истрага за утврдување на истите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!