Вие имате прво да ја знаете вистината

Премиерот на Франција позитивен на Ковид-19

Францускиот премиер, Жан Катекс е позитивен на Ковид-19 вирусот, објави во понеделникот вечерта палатата Матињон.

Кабинетот на премиерот соопшти дека неговиот распоред ќе биде прилагоден за да може да продолжи со активностите во изолација во следните десет дена.

Шефот на владата во понеделникот попладне, по враќањето од Белгија, каде што се сретна со својот колега Александар Де Кро, дозна дека една од неговите ќерки, односно неговата 11-годишна ќерка била позитивна на Ковид-19.

Веднаш по дознавањето на оваа информација тој направил ПЦР тест кој се покажал позитивен.

Шефот на владата на Франција кој е на возраст од 59 години, пролетта прими две дози вакцини и оттогаш никогаш не бил позитивен на вирусот, иако како што е наведено три пати бил во контакт со пациенти со Ковид-19.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!