Вие имате прво да ја знаете вистината

Рускиот министер за одбрана обвинува дека САД направиле вежба за употреба на нуклеарно оружје против Русија

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, изјави дека американските воени авиони ги зголемиле своите активности на границите со Русија и дека извеле вежба за употреба на нуклеарно оружје против Русија.

Шојгу преку видео-конференција разговараше со кинескиот министер за одбрана и по тој повод зборуваше за воените активности на САД против Русија.

Тој посочи дека во близина на руските граници откриле значително зголемување на активноста на американските воени авиони.

Американски авиони минатиот месец извршија 30 летови во близина на нашите граници. Таа бројка е 2,5 пати поголема од истиот период лани – изјавил на конференцијата Шојгу и продолжил:

Стратешките бомбардери од САД истовремено изведоа вежби за употреба на нуклеарно оружје против Русија од исток и запад. Тренинг акцијата беше изведена со десет авиони за време на вежбата „Global Thunder“.

За време на разговорите, рускиот и кинескиот министер потпишаа документ за план за развој на воената соработка помеѓу двете држави.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!