Вие имате прво да ја знаете вистината

Сопругот на Ангела Меркел ја осуди „поспаноста“ на Германците антиваксери, тие гледаат “диктатура во задолжителното вакцинирање”

Јоаким Зауер, сопругот на се уште актуелната германска канцеларка Ангела Меркел, денеска го прекина вообичаениот свој молк и ја осуди „поспаноста“ на Германците кои не сакаат да примат вакцина против Ковид-19.

Зачудувачки е што третина од населението не ги следи и почитува научните сознанија. Ова делумно се должи на одредена поспаност и затишје на Германците – вели истражувачот на квантната физика во интервју за италијанскиот дневен весник Ла Република, кое денеска го презедоа и германските медиуми и го објавија на своите портали.

Според него, втората група ја сочинуваат луѓе кои следат лични убедувања, еден вид идеолошка реакција на она што тие го гледаат како диктатура односно задолжителната вакцинација.

Зауер додаде дека групата вклучува луѓе од различни нивоа на образование, вклучувајќи академици, доктори и научници.

Запрашан за сегашното отфрлање и не почитување на научното знаење, Зауер оцени дека таков став веројатно отсекогаш постоел кај некои луѓе, но никогаш не бил толку очигледен како што е сега.

Меѓутоа, во моментов сме сведоци на голем успех на науката – изјави сопругот на Ангела Меркер, Јоаким, кој најчесто избегнува јавно да искаже мислење кое е надвор од неговата научна надлежност.

Според него, никој не би се обложил дека вакцината ќе биде произведена за толку кратко време. Зауер изјави дека науката е важна и дека би било добро младите повеќе да и се посветат.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!