Вие имате прво да ја знаете вистината

Видео кое разнежни многу срца: Пау Гасол игра кошарка со ќерките на Коби Брајант

Шпанскиот, сега веќе пензиониран легендарен кошаркар, Пау Гасол и прерано починатиот Коби Брајант, беа големи пријатели. Поранешните соиграчи во екипата на Лос Анџелес Лејкерс редовно се дружеа, а нивните семејства исто така важат за блиски пријатели.

Гасол одржуваше пријателство помеѓу двете семејства и по трагичната смрт на Брајант. Минатата година поранешниот центар доби ќерка, а ја нарече Елизабет Џиана Гасол, во чест на ќерката на Коби, Џијана, која беше со легендарниот кошаркар при падот на хеликоптерот во трагичната несреќа.

Шпанецот и претходно има истакнато дека ќерките на Коби ги гледа како свои деца, а денешното видео на кое беше објавено на официјалниот Твитер протфил на НБА ТВ, разнежни многу срца.

Имено, на видеото се гледа како Пау Гасол игра кошарка со ќерките на Брајант, а тоа предизвика солзи во очите на многумина големи фанови на Коби ширум светот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!