Вие имате прво да ја знаете вистината

Во тек се разговорите за деталите за можната средба помеѓу Џо Бајден и Владимир Путин, позната е една од главните теми

Москва и Вашингтон разговараат за деталите од новата средба помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден, а за една од главните теми на средбата која што треба да се случи во иднина е „проблемот“ со Украина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

За време на следната средба на претседателите ќе се разговара и за други прашања, а секако се споменува како главна тема, темата за Украина – изјави министерот Лавров.

Тој потсети дека за време на билатералниот самит во Женева го потврдил почитувањето на договорот од Минск, со тоа што ја признал потребата од исполнување на делот кој го предвидува специјалниот статус на Донбас.

Го имаме нормандискиот формат и тоа е најважниот механизам кој ги спроведува договорите склучени во рамките на пакетот мерки од Минск и подоцнежните одлуки. Зборувам за контакт групата што директно работеше во Доњецк, Луганск и Киев со помош на ОБСЕ и Руската Федерација. Сите тие договори што беа склучени во Минск треба да се спроведат по тој формат – изјави Лавров.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!