Вие имате прво да ја знаете вистината

Џо Бајден ќе се кандидира на следните претседателски избори 2024 година за втор мандат !?

Американскиот претседател Џо Бајден, планира да се кандидира на престојните претседателските избори во 2024 година, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

На прашање поставено од страна на новинарите, дали Бајден размислува за втор мандат, таа одговори: Да, тоа е неговата намера.

79-годишниот Бајден на кој му опадна популарноста во последните неколку месеци е причината зошто некои од демократите се запрашаа дали тој ќе се кандидира на следните претседателски избори.

Според најновата анкета, само 36 отсто од граѓаните на САД ја поддржуваат работата на Џо Бајден, што воедно е и најнизок процент досега за време на истражувањата за довербата на претседателот Бајден, според CNN.

Претходникот на Бајден, Доналд Трамп, имаше најлош рејтинг со 37 отсто во јануари 2019 година, но Бајден успеа да добие полош рејтинг и од Трамп, според анкетата на Галуп, додека работата на претседателот Барак Обама во август 2011 година беше поддржана од најмалку 40 отсто од Американците.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!