Вие имате прво да ја знаете вистината

Експлодираа 500 ракети, двајца загинати, очевидците кажуваат: Шрапнели летаа на сите страни, како да е војна (видео, фото)

Во силна експлозија кај Бубањ Поток во близината на Белград загинаа две лица, потврдија во белградската противпожарна и спасувачка бригада.

Засега нема официјални информации за причината за несреќата која се случила околу 14 часот. Од МВР соопштија дека на терен се екипи на Секторот за вонредни состојби.

Од компанијата Едепро потврдија дека околу 14 часот дошло до експлозија во магацинот на готови производи на нивниот погон во Лештане.

https://twitter.com/dorcolsamodorco/status/1463171009465532425?s=20

Командантот на белградската противпожарна единица Милош Мајсторовиќ вели дека по пристигнувањето констатирана е експлозија во магацинот за ракетно гориво со површина од 240 метри квадратни.

Складирани се 500 ракети со по 30 килограми гориво. По експлозијата во истата настана пожар – изјави тој за новинарите.

Тој додаде дека пожарот е локализиран, а силите се на терен. Тој потврди дека двајца загинале, а екипите успеале да спасат четири лица.

Во моментов дежураат 4 противпожарни возила со 16 пожарникари и го пребаруваат теренот – рече тој.

Како што додаде, не е позната причината за пожарот, а ќе се знае по завршувањето на спасувачката акција.

По експлозијата во фабриката во Лештане, во Ургентниот центар се згрижени 13 пациенти, претежно со полесни телесни повреди, додека двајца пациенти се со тешки телесни повреди“, изјави вечерва лекарката Бојана Узелац.

Во изјава за ТВ Пинк, Узелац вели дека двајца пациенти со тешки телесни повреди се хоспитализирани во Ургентниот центар и се воведени во салата каде во нивната грижа учествува мултидисциплинарен тим од хирурзи заедно со пластични хирурзи.

„Досега во Ургентниот центар се згрижени 13 пациенти, претежно пациенти со полесни телесни повреди, а станува збор за изгореници. Кај двајца пациенти се констатирани тешки телесни повреди и се хоспитализирани во Ургентниот центар“, соопштија Узелац.

Таа вели дека неколку пациенти поради повредите ќе бидат задржани до изутрина, а за останатите пациенти во тек е дијагностичка процедура. Узелац посочува дека се работи главно за помлади пациенти кои биле дежурни кога се случила експлозијата.

Две лица повредени во страшна експлозија во фабриката ЕДеПро се во тешка состојба во Ургентниот центар во Белград. Еден млад човек помина речиси три часа на операција. Неговата здравствена состојба е неизвесна.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!