Вие имате прво да ја знаете вистината

Карлеуша заплака по говорот на Ана Бекута на комеморацијата на Марина Туцаковиќ: „Без мене ќе ја имаше Марина на сцената, но без неа мене ќе ме немаше“ (фото)

Денеска (среда) во градското собрание на Белград се одржа комеморација на Марина Туцаковиќ.

На комеморацијата дојдоа голем број јавни личности и нејзини пријатели и колеги, со кои Марина соработуваше со години.

Првиот говор го одржа синот на Марина, Милан Лаќа Радуловиќ, а потоа збор земаа и Јелена Триван и Ана Бекута, додека модератор на програмата беше Драгана Катиќ.

Најемотивниот говор на комеморацијата го одржа Ана Бекута, при што се расплакаа многумина помеѓу кои и Јелена Карлеуша.

Нашите најинтимни чувства ги претвори во зборови кои сите многу добро ги знаевме, но без неа никогаш немаше да ги отпееме и изговориме. Таа создаде неверојатни стихови од едноставни зборови. Марина Туцаковиќ не ја загубија само нејзинот синот и сопругот, туку и пејачите изгубија дел од иднината – изјавила Ана Бекута.

Без мене ќе ја имаше Марина на сцената, но без неа мене ќе ме немаше – додала Бекута, по што Карлеуши пуштила солзи, јавуваат медиумите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!