Вие имате прво да ја знаете вистината

Марадона ме силуваше а јас молчев само поради Фидел Кастро! Кубанката излезе со јавни тврдења дека била жртва на силување и живеела во страв (видео)

Кубанската девојка, Мевис Алварез, го привлече вниманието на светската јавност откако тврдеше дека како малолетна била во интимна врска со фудбалската легенда, Диего Марадона.

Во своето обраќање отиде чекор понатаму и откри дека славниот Аргентинец ја силувал во неколку наврати.

Сето тоа наводно се случило во Куба пред точно две децении, каде Марадона бил на рехабилитација и отргнување од кокаинот, а Мејвис била со него на само 16-годишна возраст.

По цели две децении, таа изнесе шокантни тврдења пред медиумите во Буенос Аирес, една недела откако таа сведочеше пред судот како сведок во случај на трговија со луѓе во кои се вклучени поранешните најблиски луѓе на Марадона.

Таа во своето обраќање до медиумите изјави дека во тој период во неколку наврати била жртва на силување. Таа раскажа едно страшно искуство со Аргентинецот.

Диего изгледаше како да има некаква фантазија бидејќи мајка ми беше од другата страна на вратата. Јас бев во собата и сакав да и ја отворам вратата на мајка ми, а тој не ми дозволи. Ми кажа да се затворам горе, а јас се обидував да го натерам да прашам зошто да седам со него, а да не отидам кај мајка ми. Мајка ми беше таму, зошто не можам да ја отворам вратата ? Тој не ми дозволи да ја отворам, ми ја покри устата и ме силуваше. Не сакам ни да се сеќавам на тоа, изјави Алварез.

Од тој момент, како што кажува таа, ништо не и било исто во нејзиниот живот. Марадона со солзи во очите и го украде детството.

Престанав да бидам девојка, ми ја украдоа невиноста. Тешко е. Тоа беше моментот кога престанав да го правам тоа што го прават невините девојки, бидејќи тоа ми се случи мене – додаде таа во изјавата.

Таа го обвини Марадона дека често знаел да биде агресивен кон неа кога не сакала да конзумира кокаин. На крајот секогаш попуштала и го конзумирала „белиот прав“ само затоа што тој и рекол да го направи тоа за него. Таа додаде дека се гледала со славниот фудбалер само од страв дека нешто ќе им се случи на нејзините родители, а и на самата себе, од едноставна причина што Марадона уживал во статусот на голем пријател на тогашниот кубански лидер Фидел Кастро.

Моето семејство никогаш немаше да ја прифати мојата средба со Марадона доколку кубанската влада не беше вклучена. Тие беа принудени (родителите) на еден или друг начин да ја прифатат врска што не е добра според нив, ниту пак според мене, а верувам и според никого, додаде девојката од Куба.

Никој од претставниците на починатиот фудбалер, ниту пак некој од кубанската влада досега не ги коментираше наводите на Алварез.

Од друга страна се огласи само адвокатот на Карлос Фереро, бизнисмен кој долги години бил близок пријател со Марадона. Тој го нарече сведочењето на Алварез како куп на неосновани обвинувања.

На крајот, Кубанката изјави дека со ова сведочење излегла во јавноста не за да привлече внимание или да земе парче слава, туку од желба да помогне на сите жени, на сите жртви на трговија со луѓе и жртви на криминал.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!