Вие имате прво да ја знаете вистината

На фудбалската легенда Роналдињо повторно му се заканува затворска казна !?

Познатата фудбалска легенда, Роналдињо, кој минатата година беше во затвор во Парагвај, откако во земјата влезе со лажен пасош, повторно му се заканува нова казна зад решетките.

Имено, Бразилецот е обвинет дека не го платил задолжителниот финансиски надомест за поддршката на неговата поранешна девојка Присила Коељо, за што судот му наложил да и плати до 1ви декември минатата година. 

Бразилските медиуми претходно пишуваа дека Роналдињо имал намера да се ожени со две девојки истовремено Присила и Бетрис Соуза, а Роналдињо ги демантираше овие наводи во 2018 година. Подоцна, во 2019 година, се појави информација дека Присила барала пари од богат Бразилец како нејзин надоместок.

Судот пресуди дека Роналдињо на неговата поранешна девојка, Присила мора да плаќа околу 18.000 долари месечно врз основа на фактот поранешна нелегитимна сопруга, а Роналдињо одбил да го прави тоа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!