Вие имате прво да ја знаете вистината

Не издржа ниту 24 часа, шведска премиерка Магдалена Андерсон си поднесе оставка!

Новоизбраната шведска премиерка Магдалена Андерсон, поднесе оставка денеска, само неколку часа откако беше назначена на функцијата, а причината за тоа се наведува дека е нејзиниот коалициски партнер, Партијата на зелените, која ја напушти владата.

Му кажав на претседателот на парламентот дека сакам да поднесам оставка како премиер, изјави Андерсон на прес-конференција.

Сепак, таа нагласи дека е подготвена повторно да се обиде да формира влада.

Интересно е тоа што Магдалена Андерсон стана првата жена назначена на позицијата премиер и поднесе оставка за помалку од 24 часа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!