Вие имате прво да ја знаете вистината

Ова е еден од важните фактори за правилно функционирање на целото телото

Кога станува збор за здраво тело и правилно функционирање на целото тело, витаминот А е еден од поважните фактори. Витаминот А му помага на вашиот вид, имунолошкиот и репродуктивниот систем, метаболизамот, срцето, белите дробови, бубрезите и мозокот. А што се случува кога имаме недостаток на овој витамин во нашето тело ?

познато е дека морковот е доста богат со витамин А

Суви очи – Ова е еден од првите знаци на недостаток на витамин А во телото, очите се покриени со течност која ги штити, а кога истата не е квалитетна се јавува сувост.

Ноќно слепило – Ова е уште еден почетен симптом на недостаток на витамин А. Овој витамин е клучен дел од родопозитинот, протеин кој ја апсорбира светлината во мрежницата. Родопозитинот е неопходен за ноќно гледање.

Заздравување на раните – Витаминот А успева да влијае на одговорот на телото на воспаление и помага да се контролира истото. Кога нема доволно, раните многу побавно зараснуваат.

Респираторни инфекции – Бидејќи витаминот А ве штити од патогени, неговиот недостаток во телото ве прави поподложни на инфекции на белите дробови, грлото и градите.

Сува кожа – Егзема, сува кожа и други кожни болести може да се појават поради недостаток на витамин А. Овој витамин и помага на кожата да се опорави и влијае на формирањето на нови клетки

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!