Вие имате прво да ја знаете вистината

СЗО предупредува дека уште 700.000 луѓе би можеле да умрат како последица од Ковид-19 во Европа до март 2022 година

Светската здраствена организација (СЗО) предупредува дека уште 700.000 луѓе би можеле да умрат како последица од Ковид-19 во Европа и делови на Азија.

Бројот на смртни случаи веќе надминува 1,5 милиони во 53 држави кои СЗО ги нарекува европски регион.

СЗО предупреди на висок или екстремен пораст во единиците за интензивна нега во 49 држави до март 2022 година.

Европа се соочува со зголемување на ново заразените, поради што тоа е една од причините што ја натера Австрија да се врати во карантин, а другите држави да разгледуваат нови епидемиолошки мерки.

Голем број држави – вклучувајќи ги Франција, Германија и Грција – исто така наскоро би можеле да воведат трета доза вакцина доколку нивните граѓани се сметаат веќе за целосно вакцинирани.

Сепак, протести против новите мерки се одржаа во неколку држави. Во Холандија неколку ноќи се организираа протести, кои прераснаа во немири поради делумно ограничување на невакцинираните граѓани.

Во својата проценка, СЗО предупреди дека Ковид-19 е водечка причина за смрт во Европа.

Број на пријавени смртни случаи се предвидува да достигне повеќе од 2,2 милиони до пролет следната година, врз основа на сегашните трендови – предупредуваат од СЗО.

Бројот на потврдени смртни случаи поврзани со Ковид-19 неодамна се удвои на скоро 4.200 луѓе дневно.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!