Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Русија одобрена вакцина за деца на возраст од 12 до 17 години

Руското Министерство за здравство ја одобри вакцината Спутник М за адолесценти на возраст од 12 до 17 години.

Според вицепремиерката на Русија, Татјана Голикова, децата на возраст над 12 години ќе се вакцинираат во согласност на нивните родители или по личен избор доколку се постари од 15 години.

Спутник М е нова вакцина а произлегува од верзија на вакцината Спутник В, и е направена за адолесценти и содржи помала доза од вообичаената.

Клиничките испитувања на Спутник М започнаа летово, а моментално е во третата фаза на тестирање.

По изјавата на вицепремиерката, претседателот на државата, Владимир Путин најави дека сака да го забрза развојот на вакцината против Ковид-19 за деца од две години па нагоре.

Минатата недела, рускиот кризен штаб откри дека имунитетот во Русија надминал 50 отсто од населението, а 58,7 милиони луѓе биле целосно вакцинирани. Сепак, земјата се уште е далеку зад целта од 80 отсто од вакцинираната популација.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!