Вие имате прво да ја знаете вистината

Ова се има случено само три пати до сега, САД, Кина, Велика Британија и уште неколку држави координирано ги отвараат стратешките резерви со нафта

Пред два дена, Соединетите Американски Држави објавија дека ќе ги стават на располагање стратешките нафтени резерви, околу 50 милиони барели. Вчера следуваше слична мерка која беше одобрена и од Кина, што укажува на моменталната глобална состојба каде што се прават напори да се забави растот на цената на нафтата, но секако и инфлацијата.

Според Белата куќа, ова е координиран потег во кој покрај САД и Кина ќе заземаат учество, но покрај нив и Јапонија, Индија, Јужна Кореја и Велика Британија, пишува CNN.

Според Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), која ја следи достапноста на нафтата на глобално ниво за големите економии, ова е само четврти пат кога државите се одлучуваат на координиран потег откако е основана агенцијата, а последните три пати беа пред Заливската војна во 1991 година, по ураганите Катрина и Рита кои ги оштетија нафтените постројки во Мексиканскиот залив во 2005 година и како одговор на прекинот на снабдувањето предизвикан од либиската војна во 2011 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!