Вие имате прво да ја знаете вистината

Драма на аеродромот во Амстердам, патниците се држат затворени во авионот и се тестираат за новата варијанта на Ковид-19

Патниците со двата лета на авио-компанијата KLM, кои слетаа на аеродромот Шипхол, во Амстердам а доаѓајќи од Јужна Африка во петокот наутро, беа задржани во авионот.

Тие се тестираат за Ковид-19 поради појавувањето на новата варијанта на вирусот, веројатно позаразна од сите останати кои беа регистрирани до сега.

Во моментов на патниците не им е дозволено да го напуштат авионот, јавуваат медиумите. Портпаролот изјави дека секој од патниците ќе направи ПЦР тест на аеродромот, а тестовите ќе бидат анализирани што е можно поскоро.

Се очекува сите патници да бидат тестирани до 16:30 часот, а резултатите ќе бидат познати вечерва околу 20:30 часот. Во меѓувреме патниците ќе бидат одвоени од другите луѓе на аеродромот.

Аеродромот е во процес на поставување на привремена локација за прием на патниците на аеродромот, односно во безбедносна зона – изјави портпаролот.

Откако тоа ќе се направи, портпаролот проценува дека на неколку стотини патници ќе им биде дозволено да се симнат и да бидат сместени во таа зона.

Еден од авионите слета во Амстердам околу 10:30 часот полетувајќи од Кејп Таун. Вториот слета половина час подоцна полетувајќи од Јоханесбург. Засега не е познато колку патници има во авионите.

Привремениот министер за здравство, Хуго де Јонге, објави во петокот наутро дека Холандија ќе ги забрани летовите од Јужна Африка од петок напладне.

На листата на земји со висок ризик се додадени Боцвана, Есватини, Лесото, Намибија, Зимбабве и Јужна Африка.

Министерот, Де Јонге, во петокот наутро изјави дека патниците од овие земји ќе бидат тестирани во Сипол и дека мора да бидат ставени во задолжителен карантин.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!