Вие имате прво да ја знаете вистината

Големо откритие во Света Софија во Истанбул, дебел камен паднал од ѕидот а внатре се криело старо писмо (фото)

Камен дебел 30 сантиметри што паднал од ѕидот во внатрешноста на Аја Софија во Истанбул откри документи напишани со руничко писмо. 

Ова се случило додека муслимански верник отишол да се помоли во светилиштето кое предходно беше црква, а денes e џамија а изградено е од христијани, во тој момент верникот забележал дека каменот се откршил на ѕидот. Веднаш ги известил властите, кои пребарувајќи во ѕидот, успеале да најдат и откријат пет документи напишани на руничко писмо.

Сега се испитува дали навистина се работи за историски релевантен документ или зад откритието се крие нешто друго, а можеби и фалсификат.

Вреди да се спомене дека, веројатно од незнаење, повеќето турски веб-страници објавија дека пергаментите се напишани на хебрејски, но тоа не е така бидејќи писмото е руничко, пишуваат грчките медиуми.

Содржина на писмото, сепак, сè уште не е позната.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!